| |

НИКОЛА ДИМИТРОВ НА РАБОТЕН ПОЈАДОК СО АМБАСАДОРИТЕ НА ЗЕМЈИТЕ ЧЛЕНКИ НА ЕУ

Министерот за надворешни работи Никола Димитров учествуваше на работен појадок со резидентни амбасадори на земји членки на ЕУ, организиран од страна на амбасадорката на Република Австрија во Република Македонија, Н.Е. Ренате Коблер, во својство на земја претседавач со Совет на ЕУ. 
На состанокот, министерот Димитров првично се заблагодари за австриската поддршка и заложба за европските перспективи на земјите од Регионот за време на нивното претседавање. 

Понатаму подетално ги брифираше амбасадорите за последните случувања на домашен план, пред сè поврзани со процесот на уставни измени во контекст на Договорот од Преспа.

Воедно даде преглед на клучните реформски активности, Планот 18 и позначајните ангажмани на домашен план поврзани со обврските кои произлегуваат од јунските заклучоци на Советот на ЕУ. Притоа, МНР Димитров ја нагласи посветеноста и решеноста, и покрај деликатноста на процесите да се продолжи по зацртаниот пат на европска интеграција. 
Меѓу другото на состанокот беа разменети мислења и за последните случувања во Регионот и беше изразена надеж дека следниот јуни ќе биде донесена формалната одлука за почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ.

Слични Објави