| |

СТОЛТЕНБЕРГ И ЦЕНТРАЛАТА НА НАТО ДЕНЕСКА И УТРЕ ВО СКОПЈЕ

„Централата“ на НАТО денеска и утре од Брисел ќе се пресели во Скопјe, јавува Телма Во земјава покрај генералниот секретар Јенс Столтенберг, доаѓа и целиот Северноатлантски совет (НАК) во кој се амбасадорите на сите земји членки на Алијансата.

Столтенберг и НАТО амбасадорите се очекува доцна попладне да пристигнат на „Меѓународниот аеродром Скопје“, каде е предвиден свечен пречек, по што ќе се упатат во Собранието.

Со највисоки државни и воени почести утре високите претставници на НАТО ќе бидат пречекани во Владата на Република Северна Македонија.

Тие ќе имаат средби со државниот врв во врска со процесот на пристапување на земјата во Алијансата, како и за напредокот во реформите.

Во рамки на посетата ќе се одржи заеднички состанок на НАК со Комитетот за интеграција во НАТО, со кој претседава премиерот Зоран Заев.

Столтенеберг и високите претставници на НАТО доаѓаат во прва посета на Скопје по потпишувањето на протоколот за членство на земјата во Алијансата.

Слични Објави