ПОЧНА ЛИДЕРСКАТА КАЈ ПЕНДАРОВСКИ- ЌЕ ИМА ЛИ ДОГОВОР ЗА ДАТУМ ЗА ИЗБОРИ?
Почна лидерската средба за терминот на одржување на предвремените парламентарни избори, кои беа закажани на 12 април, но беа одложени со уредба на Владата поради прогласувањето вонредна состојба и ширењето на ковид-19. Истата се одвива во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.
Освен за терминот за избори лидерите се очекува да зборуваат и за евентуално продолжување на вонредната состојба, за состојбата со коронавирусот во земјата и препораките на здравствените власти, и како да се спроведе кампања и гласање, а да се заштитат граѓаните.
На лидерската средба се поканети претседателите нa парламентарните политички партии од власта и од опозицијата кои на последните парламентарни избори освоиле пратенички мандати со самостојни листи.
