|

Ковачевски ги пречека колегите од регионот и високите претставници од ЕУ и САД на Лидерскиот состанок во Скопје

Премиерот Димитар Ковачевски е домаќин на Лидерски состанок посветен на Планот за раст за Западен Балкан, усвоен од Европската комисија, а на којшто присуствуваат лидерите од регионот, како и високи претставници на ЕУ, САД и на меѓународните финансиски партнери.

За состанокот во Скопје, пристигнаа лидерите од регионот, Александар Вучиќ, претседател на Република Србија, Еди Рама, претседател на Владата на Република Албанија, Албин Курти, претседател на Владата на Република Косово, Милојко Спајиќ, претседател на Владата на Црна Гора, како и Герт Јан Копман, генерален директор за соседство и преговори за проширување во Европската комисија, Марко Маковец, заменикот на генералниот директор за Западен Балкан во Европската служба за надворешни работи (EEAC), Џејмс О’Брајaн, помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања на САД.

Потоа, претставници на регионалните организации, Советот за регионална соработка, ЦЕФТА и Коморскиот инвестициски форум на Зaпaден Балкан- 6, УСАИД, потоа Фондација отворено општество, Центарот за Европа, Атлантски совет, како и повеќе меѓународни финансиски институции, Европската инвестициона банка, Европската банка за обнова и развој и Светска банка.

Премиерот Ковачевски го оцени состанокот како значајна порака на поддршка на европскиот пат на нашата држава, во клучни моменти за македонската европска иднина.



Слични Објави