ЗАЕВ ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО МИЦОТАКИС И АНТОНИО ГУТИЕРЕШ

//

Премиерот Зоран Заев, која ја предводи владина делегација на 74. Генерално собрание на Обединетите нации, во Њујорк, според грчки извори денеска треба да се сретне со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, пренесува Лидер.

Ова ќе биде прва средба на двајцата премиери откако Кирјакос Мицотакис победи на изборите што се одржаа на почетокот на јули во Грција.

Заев е ќе има и официјална средба со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, а ќе присуствува и на приемот по повод одржувањето на 74-тото Генералното собрание на ОН на покана од претседателот на САД Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија.



Официјалното обраќање на премиерот Заев на Генералното собрание на ОН е предвидено за сабота во претпладневната сесија.

Претходна статија

КОМЕМОРАТИВНА СЕДНИЦА ПО ПОВОД СМРТТА НА ПРОФ. Д-Р ТОМЕ ГРУЕВСКИ

Следна статија

СЕ ПРАВАТ ЧЕКОРИ ЈАНУКОВИЧ ДА СЕ ВРАТИ ВО УКРАИНА

Најново од Вести