СЕ ПРАВАТ ЧЕКОРИ ЈАНУКОВИЧ ДА СЕ ВРАТИ ВО УКРАИНА

/

Одбраната на поранешниот украински претседател Виктор Јанукович презема мерки за неговото враќање во Украина, изјави адвокатот Виталиј Сердиук, цитиран од РИА Новости.
„Тој во моментов е на територијата на Руската Федерација“, рече адвокатот по судското рочиште.

Кон крајот на јануари, Оболонскиот Регионален суд во Киев пресуди за случајот за предавство против Јанукович и го осуди на 13 години затвор во отсуство. Приватните адвокати на поранешниот претседател како и државниот правобранител Јури Рјабовол поднесоа жалба на одлуката.

Самиот поранешен претседател на Украина смета дека пресудата нема никаква врска со законот и процесот бил „политичка пресметка“. Тој исто така рече дека има невиден притисок врз судиите кои одлучуваат за неговиот случај.
Во понеделникот Апелациониот суд во Киев започна со разгледување на жалбата против пресудата за предавство на Јанукович.



Претходна статија

ЗАЕВ ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО МИЦОТАКИС И АНТОНИО ГУТИЕРЕШ

Следна статија

БОГОЕСКИ НЕ СЕ ПОЈАВИ КАКО СВЕДОК ЗА СЛУЧАЈОТ „МАЃАР ТЕЛЕКОМ“

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да