| |

САД ја поздравуваат одлуката на Собранието на РС Македонија

Соединетите Држави ја поздравуваат одлуката на Парламентот на Северна Македонија да ги преземе следните чекори кон пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ, се вели во соопштението на Стејтдепарментот.

-Ги препознаваме тешките компромиси предвидени во овој компромис, кој го признава и почитува културниот идентитет на Северна Македонија и македонскиот јазик.

Оваа одлука доаѓа во критичен момент за Северна Македонија, Западен Балкан и Европа. Европската унија, која го вклучува целиот Западен Балкан, вклучително и Албанија и Северна Македонија, ќе биде посилна и попросперитетна. Сега е време да се изгради моментум и да се работи на следните чекори, порача од САД.

Слични Објави