| |

Борисов ја поздрави одлуката на Собранието за францускиот предлог

Честитки за мудрата и одговорна одлука на македонскиот парламент, со која се отвораат вратите за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Ова го изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, по повод усвојувањето на францускиот предлог од Собранието на Република Македонија, јавува БГНЕС.

„Ова е процес што го започнавме заедно уште во 2017 година кога го потпишавме Договорот за добрососедство и ја ставивме заедничката историја меѓу нашите две земји во преден план“, потсети Борисов.

Тој нагласи дека за време на бугарското претседавање со ЕУ во 2018 година „ние бевме тие што ја вративме темата за проширувањето на агендата на Европа“.

„Отсекогаш верував дека интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ е клучна за мирот, разбирањето и просперитетот“, рече уште Борисов.



Слични Објави