| |

ЗЕГИН ЌЕ ДОНИРА 20 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА СЕМЕЈСТВАТА НА ТРАГИЧНО ЗАГИНАТИТЕ

Компанијата Зегин по тешката сообраќајна несреќа којашто се случи вчера на патот Скопје – Тетово ќе додели еднократна помош во износ од 20.000 евра на семејствата на трагично загинатите патници, информира Фокус.

Во овие тешки мигови на повредените како и на семејствата на повредените и починатите патници Зегин нуди дополнителна помош ставајќи им го на располагање целиот потенцијал на Зегин во лекови и поликлинички услуги од својата поликлиника Зегин Медика.

Сочувствувајќи со болката на семејствата на загинатите и повредени, Зегин ги повикува семејствата да се обратат за помош во нашата компанија. Компанијата Зегин им изразува сочувство на семејствата на загинатите патници и поскоро закрепнување на повредените лица.

За подетални информации обратете се на контакт 02 3241600 и 078 206-087 mail:[email protected]

Извор: Делчево денес



Слични Објави