| |

Генералниот конзулат на Република Бугарија во Битола ги пречека идните студенти од регионот, кои одлучиле да студираат во Бугарија

Бугарскиот генерален конзулат во Битола на 31.08.2023 година прими дел од идните студенти во Бугарија од Битола, Прилеп и други населени места од конзуларната област на мисијата. Тие беа пречекани од генералниот конзул Николај Димитров и од вработени во конзулатот, јавува Генералниот конзулат на Бугарија во Битола.

Идните студенти во бугарските високообразовни институции се примаат според ПМС бр. 103 и ПМС 228, кои се однесуваат соодветно на кандидатите за студенти од бугарско потекло и на оние од РСМ. Универзитетите во шест бугарски градови – Софија, Пловдив, Варна, Бургас, Стара Загора и Плевен ќе бидат местата каде младите од РСМ ќе ги продолжат своите студии.

Целта на средбата беше однапред да се запознаат идните студенти со условите за нивниот престој и студирање во Бугарија.

Настанот беше организиран со помош на Здружението за македонско-бугарско пријателство од Битола, кое со години подготвува и им помага на младите од Битола и околните градови да го продолжат своето образование во Бугарија. На средбата, вработените во конзулатот ги објаснија процедурите за легализирање на престојот во Бугарија, а одговараа и на прашањата на присутните новопримени студенти и нивните родители.

Ова беше последниот дел од информативната кампања на бугарската мисија во Битола за презентирање на можностите за студирање во високообразовните институции во Бугарија во учебната 2023/2024 година.



Слични Објави