ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: ОСВЕН БРИТАНСКИОТ СОЈ ДРУГА МУТАЦИЈА КАЈ НАС ЗА СЕГА НЕМА

/

Се смирува епидемиолошката состојба со Ковид-19 и не е детектирана друга форма на вирусот, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, апелирајќи во пресрет на велигденските празници граѓаните да бидат совесни и да ги почитуваат мерките.

Одговарајќи на новинарско прашање, Филипче рече дека освен британската кај нас не е детектирана друга мутација на вирусот.



-Aко нешто е проширено веќе во европските земји тоа многу тешко ќе може да се спречи да дојде и кај нас. И тука доаѓа во прв план одговорноста на граѓаните, каква и да е мутацијата, колку и да е пренослив тој сој на вирусот. Во таа смисла нема детектирано кај нас друга форма, освен британска, а тоа го покажуваат и последните анализи, на неколку недели ги прават анализите на геномот во двете лаборатории. Така што остануваме на сегашните мерки, рече Филипче.

Претходна статија

ЗАЕВ: ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ДА ГИ ИСПОЛНИМЕ ПОЛЈАНИТЕ, НО ДА ИЗБЕГНЕМЕ ЗАТВОРЕНИ ОБЈЕКТИ

Следна статија

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ: ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА МОРА ДА СЕ ЗАСНОВА НА ДОБРА ПРОЦЕНКА НА МОЖНОСТИТЕ НА УЧИЛИШТАТА

Најново од Вести