| |

ДОМ: ГАЗИ БАБА СЕ ТРУЕ, А ИНСПЕКТОРИТЕ ГИ НЕМА, КАКО ДА СЕ НА ГРУПЕН ОДМОР

ДОМ јавно ги повикува инспекторатите за животна средина на државно, градско и општинско ниво, да излезат ИТНО на терен и да утврдат кој или кои стопански субјекти и поединци ја трујат општина Гази Баба! Треба да следи казна според закон и моментално запирање на загадувањето на воздухот. Ова ургентно го бараат граѓаните на оваа скопска населба, кои алармираа по драматично покачените вредности на ПМ10 честичките дури до 400 единици!

Мора да се делува брзо и ефикасно, независно дали се работи за големи или мали стопански загадувачи, дали се работи за индивидуално палење пластика или други загадувачки материјали.
Недозволиво е Гази Баба да се труе, а инспекторите никаде да ги нема, небаре се сите на групен одмор?!

Слични Објави