ТУРЦИЈА ОБЈАВУВА БОЈКОТ НА АМЕРИКАНСКИТЕ ЕЛЕКТРОНСКИ ПРОИЗВОДИ

Вести Истакнато Свет

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека во земјата ќе се забрани увоз на електроника од САД. Турскиот лидер напомена дека ваквиот бојкот е израз на „тврда политичка позиција“ која тие ја застапуваат.

Мерките за забрана се дел од политичко-економската војна на НАТО сојузниците, која веќе доведе до сериозен пад на националната валута, како што дознаваме деновиве.

Обидот за економски притисок врз Турција нема да биде успешен, изјавува претседателот. Според неговите зборови, Вашингтон се обидува да ѝ нанесе штета на турската економија, бидејќи таа една од најсилните во светот, 17. според БДП и 13. по куповната способност.
„Конзервација на производството е недозволива во овој момент. Потребно е уште повеќе да се произведува и да се извезува“ – заклучува Ердоган
Обострување на односите меѓу сојузниците започна после апсењето во Анкара на американскиот проповедник Ендрју Бронсон. Турските власти на тој начин се обидоа да направат притисок врз САД во врска со случајот на религиозниот водач Фетхулах Гјулен, кој Турција го обвинуваа за организацијата на обидот за пуч летото 2016-та година.
Во меѓувреме по неколкудневни падови, турската валута послено забележува закрепнување и сега вредноста и изнесува  6,5 лири за американски долар.