МАКРОН ПРЕДЛОЖИ ПОМОШ НА ИТАЛИЈА

Вести Истакнато Свет

Фрација сочувствува со италијанскиот народ во врска со трагедијата која денес се случи откако автомобилски мост се сруши близу градот Џенова и е спремна да пружи каква било помош. Ова денеска го изјави Претседателот Емануел Макрон.

„Нашите мисли сега се со семјаствата на жртвите и со целиот италјански народ. Франција ја поддржува Италија во моменти на ваква трагедија и е готова да даде било каква помош“ – напиша францускиот претседател на својата официјална твитер страница. Своето соопштение Макрон го објави и на италјански јазик.

Макртон моментално како што соопштуваат од Елисејскиот дворец се наоѓа на одмор во летната претседателска резиденција на Средоземното море. Веднаш по немилиот настан, соопштуваат од дворецот, тој веднаш се јавил на италјанскиот претстедател Џузепе Конте да го изрази своето сочуство и да понуди помош.