РОБОТ ЌЕ ИМ ПОМАГА НА ДЕЦАТА СО АУТИЗАМ ДА КОМУНИЦИРААТ СО ТАРАПЕВТИТЕ

Истакнато Магазин Разно Убавина&Здравје

Европскиот стартап LuxAI го претсавува QTrobot – човечкиот робот, создаден од научниците на Универзитетот од Луксембург, специјално за помош при тарапијата на деца со аутизам. Тој е направен да служи како еден вид на посредник во обучувањето и игрите помеѓу детето и тарапевтот.

Со негова помош на пример ќе можат ефективно да се обучат децата да распознаваат емоции, да се дружат и да исполнуваат едноставни знадачи. Научниците претпоставуваат дека со користење на овој робот децата послесно ќе се ослободат од психолошкиот дискомфорт при обучувањето и дружењето.

Знаеме дека аутизмот се карактеризира со тешкотии и проблеми при социјализација, најчесто овие деца се затворени и многу тешко стекнуваат пријателства. Ако од раното детство се работи на оваа проблематика со тарапевт, на овој симптом може да се влијае и значително да се подобри квалитетот на живот.

За сите дополнителни функции на QTrobot можете да прочитате на официјалната страна на LuxAI.