ВИЕНА НАЈДОБРИОТ ГРАД ЗА ЖИВЕЕЊЕ ВО СВЕТОТ

Според годишниот извештај на британскиот весник „Еконмист“ меѓу првите 10 градови, освен Виена најдобри за живот се Мелбурн, Осака, Калгари, Сиднеј, Ванкувер и Копенхаген.

Фактори кои влијаат на рангирањето на 140. градови се: политичката и социјалната стабилност, безбедноста, здравствената заштита и образованието. Градот во кој е најлошо за живеење е Дамаск во Сирија, што не изненадува. Меѓу останатите десет најлоши градови за живот се и Дака, Лагос, Карачи, Алжир, Дакар.

Градовите се подредени по 30 критериуми, поделени во 5 категории – стабилност, здравството, култура, животна средина, образование и инфраструктура.