| |

ЈАНЕВА САКАЛА ДА ГО СПАСИ КАМЧЕВ- ГО СПРЕМАЛА ЗА ЗАШТИТЕН СВЕДОК

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева наводно разработила неколку сценарија со кои сакала бизнисменот Орце Камчев да го спаси од затвор како осомничен во случајот „Империја“. Ова се заклучува од неодамнешната изјава на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, кој образложуваше зошто Јанева од сведок стана осомничена во случајот „Рекет“, пишува Фокус.

Останатите двајца осомничени Бојан Јовановски и Зоран Милевски -Кичеец се гонат поради сомнеж дека земале 1,5 милиони евра од Камчев за да го спасат од кривичен прогон за „Империја“, а според обвинителството тоа се правело со учество и амин и на шефицата на СЈО.

Според досега јавно објавените информации од истрагата планот бил следен. Набрзо откако СЈО ја отвори истрагата за случајот „Империја“, а осомничените беа ставен во притвор, да се сврти кормилото во обратна насока, па осомничениот Камчев за почеток да добие куќен притвор, а потоа да му биде вратен и пасошот. За спас од високите затворски казни од над 10 години кои му се закануваа пак имало две сценарија.

Слични Објави