КЕЖАРОСКИ: НА 30 СЕПТЕМВРИ ЈАС ЌЕ ЗАОКРУЖАМ „ЗА“

Вести Истакнато Македонија

Новинарот Томче Кежароски се обрати на Маршот за Европска Македонија и истакна дека на 30 септември ќе гласа ЗА на референдумот. Тој рече дека ќе гласа за подобра Македонија во која секој ќе може да си го каже својот став без страв. Според Кежароски на 1 октомври состојбата на државата нема да се подобри одеднаш но ќе се направи чекор за промена на ситуацијата од последните 27 г. Кежароски ја подвлече улогата на новинарите како коректор на власта. Тој истакна дека работата на новинарите е да информираат за криминалот на власта, а не да се плашат и молчат. Кежароски истакна дека не сака да размислува за опцијата Македонија да остане надвор од НАТО и ЕУ.