ПРИТВОР ЗА ОСОМНИЧЕНИОТ ЗА УБИСТВОТО ВО АТАРОТ НА СЕЛОТО БЕЛОВОДИЦА

Вести Истакнато Македонија

Мерка притвор во траење од 30 дена на Е.Т. (24) од Битола, кој се сомничи за убиството во Беловодица му одреди судија на претходна постапка при Основниот суд Прилеп.  Притворот ќе се извршува во Казнено поправната установа Затвор Скопје. Како што информира МВР, убиството било извршено завчера попладне во атарот на село Беловодица, во близина на превојот Плетвар, каде осомничениот Е.Т. со службениот пиштол го застрелал А. Б., по што го полеал со бензин и го запалил. Откако го извршил кривичното дело, со возилото се упатил во правец кон Битола.