СДСМ ЌЕ МАРШИРА ВО СКОПЈЕ, А ВМРО-ДПМНЕ ВО ШТИП

Вести Истакнато Македонија

Денеска коалицијата Заедно за европска Македонија, заедно со граѓаните организира Марш за европска Македонија кој ќе заврши со голем граѓански собир во центарот на Скопје.  Маршот тргнува пред зградата на Црвениот крст со почеток во 13.30 часот, а завршува пред седиштето на Делегацијата на ЕУ во 14.00 часот. Во 14.00 часот започнува официјалната програма на големиот граѓански собир на којшто ќе се обратат: Зоран Заев, претседател на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Македонија, Сања Арсовска, актерка и синдикален претставник и новинарот Томислав Кежаровски. Во истото време во Штип ќе започне протестен марш во организација на ВМРО-ДПМНЕ. Збирното место на протесниот марш е кај црквата Св. Никола во Штип. Обраќање ќе има претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.