МИЛА ЦАРОВСКА ЌЕ ГО ПОСЕТИ СЕЛОТО ТИМЈАНИК

//

На својата facebook страна министерката за Труд и социјална политика, Мила Царовска, објави дека ќе го посети селото Темјаник каде што треба да се отвори мал групен дом за деца со попреченост. Ви го пренесуваме статусот на министерката Царовска:

„Одам да го посетам Неготино и новиот групен дом каде ќе ги преместиме првите деца опфатени со деинституционализацијата. Со ова правиме голем исчекор во процесот на обезбедување подобри и похумани услови за децата со попреченост. Ќе се сретнам и со жителите на Тимјаник каде треба да се гради новиот мал групен дом. Дел од нив изразија револт и протестираат против оваа идеја, но верувам дека немаат лоши намери. Сигурна сум дека ќе најдеме заеднички јазик бидејќи ова го правиме за доброто на децата.“

„Изненадена сум и искрено разочарана од реакциите на некои граѓани по повод отварањето на мал групен дом за деца со попреченост во с. Тимјаник, Неготино. Станува збор за дом каде ќе се сместат неколку деца кои на ниеден начин не претставуваат закана за локалните жители, ниту пак на ќе влијаат на секојдневито на граѓаните. Овие деца, од кои за жал повеќето се неподвижни, се преместуваат како би имале похумани услови за живот и семејна атмосфера. Жално е што сеуште постојат толку предрасуди, но токму против ваквите размислувања силно се бориме. Сакам да им порачам на сите кои се плашат или се загрижени дека нема никаква потреба за тоа. Децата во домот не се никаква опасност за нив или нивните деца, ќе бидат под 24 часовна грижа и нема да им го нарушуваат животот. Се надевам дека ќе преовлада разумот и дека на крајот ќе имаме успешен процес на преселба на децата од институциите во малите домови.





Претходна статија

ВМРО-ДПМНЕ: КРАЈНО ВРЕМЕ Е МАРИН ДА РАЗБЕРЕ ДЕКА Е ГРАДОНАЧАЛНИК И ДА ПОЧНЕ ДА СИ ЈА ЗАРАБОТУВА ПЛАТАТА

Следна статија

ДОМ: КОЈ ГИ МАМИ ЛУЃЕТО ВО ТИМЈАНИК?

Најново од Вести