| |

ВМРО-ДПМНЕ: КРАЈНО ВРЕМЕ Е МАРИН ДА РАЗБЕРЕ ДЕКА Е ГРАДОНАЧАЛНИК И ДА ПОЧНЕ ДА СИ ЈА ЗАРАБОТУВА ПЛАТАТА

Во најмала рака, писмената реакција на општина Аеродром е несериозна.

Можеби администрацијата не ги знае ветувањата на Марин од пред избори, а Марин нема образ да излезе пред аеродромци и да им објасни зошто тие ветувања станаа празни зборови.

Златко Марин не може 4 години да бара изговор во тоа што направило или не направило ВМРО-ДПМНЕ во општина Аеродром.

Златко Марин ветуваше намалување на градежната експанзија во урбаното јадро, Златко Марин ветуваше дека ќе води грижа за постојното зеленило, Златко Марин ветуваше дека здравјето на граѓаните ќе биде пред профитот.

Крајно време е Марин да разбере дека е градоначалник, да престане да се однесува како опозиција и да почне да си ја заработува платата.

А што се однесува до носењето на новите урбанистички планови, очигледно општина Аеродром заборави како на шверцерски начин го донесе последниот детален урбанистички план, со ставање како дополнителна точка на дневен ред, без притоа да ги информира советниците, а уште помалку граѓаните на Аеродром. За потсетување, тој детален урбанистички план е со помалку од 2% зеленило.

Проектите за заштита на животната средина очигледно само Марин ги гледа. Можеби треба да излезе од општинската зграда, да слушне што мислат граѓаните за работата на општина Аеродром. Само така ќе разбере дека оди во погрешна насока, а аеродромци се чуствуваат разочарани од него.

ВМРО-ДПМНЕ е конструктивна опозиција и ќе ги поддржи сите проекти кои се од значење за аеродромци, меѓутоа секогаш жестоко ќе го критикува градоначалникот за погрешните политики кои ги спроведува, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.



Слични Објави