(ВИДЕО) ПОРАДИ ПАДОТ НА ЦЕНАТА НА ГОРИВАТА, НА БЕНЗИНСКИТЕ ВО БИХ СЕ ЧЕКА ВО КОЛОНИ

//

Цената на горивита доживеа пад во земјите од регионот па така поевтини се бензинот и дизелот.

Кај нас бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се пордаваат за 62 денари, односно 64 денари за литар, а еуродизелот за 54,5 денари.

Во Босна и Херцеговина, според информациите на „Далмација данас“, цените на литар гориво значително поевтиниле, така што, во денарска противвредност, литар бензин може да се купи почнувајќи од 60 денари, а цените на дизелот започнуваат од 51 денар за литар.

Како што пренесува хрватски „Индекс“, на некои бензински пумпи во БиХ можеле да се забележат колони од возила, некои од нив и со хрватски таблички.



Порталот наведува дека за Хрватите е поекономично да го наполнат резервоарот во БиХ, особено во пограничните области.

Извор: Макфкас

Претходна статија

ГАК: ПАЦИЕНТКИТЕ ДА СЕ ЈАВАТ НА ПРЕГЛЕД САМО ВО ИСКЛУЧИТЕЛНО НУЖНА И ИТНА СИТУАЦИЈА

Следна статија

РАБОТОДАВАЧИТЕ: НЕ МОЖЕМЕ ДА ГИ ПУШТИМЕ СИТЕ РОДИТЕЛИ СО МАЛИ ДЕЦА НА ПЛАТЕН ОДМОР

Најново од Вести