ВО ВОЗИЛО НА ГЕВГЕЛИЧАНЕЦ ПРОНАЈДЕНИ 5 КИЛОГРАМИ ХЕРОИН
На 9 март 2020 година, при детална контрола на автомобил со гевгелиски регистарски таблици, управуван од македонски државјанин, царинските инспектори од Одделението за оперативни работи во соработка со Министерство за внатрешни работи, пронајдоа хероин со вкупна тежина од околу 5 килограми, скриен во специјално конструирани простори на возилото – бункери.
По барање на Министерство за внатрешни работи, на царински терминал во Скопје царински инспектори извршиле детална контрола на патничкото моторно возило, при што во просторот под крилата од левата и десната страна, пронајдени се специјално направени бункери каде биле сокриени 10 паковки, облепени со кафеава селотејп трака, наполнети со кафеава прашкаста материја со карактеристичен мирис, која на тестер за дрога покажа дека станува збор за хероин, со вкупна тежина од околу 5 килограми.

