ДО ПЛАДНЕ 6300 ПРИЈАВИ ЗА ГЛАСАЊЕ ОД ДИЈАСПОРАТА, РОКОТ ИСТЕКУВА НА ПОЛНОЌ
На неколку минути до пладне, ДИК потврди 6308 пријави за гласање на предвремените парламентарни избори од лица кои живеат во странство.
Во обработка се дополнителни 1442 поднесоци. Сите коишто ќе ги исполнат пропишаните услови ќе бидат прифатени.
За да има гласање во дијаспората потребни се најмалку 6540 потврдени поднесоци, број што по сѐ изгледа дека е достижен. Најголем број пријави има од Венеција, Мелбурн и Берлин.
Рокот за граѓаните кои живеат во странство да го остварат своето право на глас во дипломатско – конзуларните претставништва истекува вечерва на полноќ.
