|

Резултати од изборите за ЕУ ​​во Словенија, најмногу мандати освои партијата на Јанша

Словенечката демократска партија на Јанез Јанша освои четири од девет словенечки мандати на изборите за Европскиот парламент, објави словенечката државна изборна комисија по преброените половина од гласовите.

Движењето за слобода на премиерот Роберт Голоб освои два мандата и по еден за партијата Весна (зелени), демо-христијанската Нова Словенија и конзервативната Словенечка народна партија (СЛС).

Во проценти, СДС освои 32,25 отсто, Движење за слобода 21,41, Весна 9,88, НСи 8,01 и СЛС 7,56 отсто. Излезноста беше нешто помала од 32 отсто, што е највисока досега на изборите за ЕП во Словенија.

Слични Објави