| |

СПОРЕД ПОРАНЕШНИОТ ВИСОК ФУНКЦИОНЕР НА СДСМ ГОРДАН ГЕОРГИЕВ ЕДИНСТВЕНИОТ СПАС ЗА ЗАЕВ Е ПРЕКИН НА КОАЛИЦИЈАТА СО ДУИ

Поранешниот потпретседател на СДСМ и универзитетски професор Гордан Георгиев вели дека единствено решение за рејтингот на Владата на Заев е прекинување на коалицијата со ДУИ и формирање влада со албанската опозиција која има поголем легитимитет од партијата на Али Ахмети.

„Би му се заблагодарил на ДУИ за услугите во Владата. Би преговарал со албанската опозиција која има пратеници и легитимитет во парламентот. Со 80.000 гласови на Блерим Река тие партии имаат и дополнителен изборен легитимитет и чукааат на врата на Владата. Велат, ‘тука сме, имаме капцитет’. ДУИ само паѓаат. Би си го проверил бројот на пратеници кои ме поддржуваат како премиер. Доколку се согласат албанските опозициски партии да влезат во таа влада – добро, доколку не – ќе одиме на брзи предвремени избори“, изјави вчера Георгиев во емисијата „24 анализа“.

Слични Објави