| |

Марта Кос: Бугарија е влезната врата кон Европа

Еврокомесарката за проширување Марта Кос го истакна значењето на Коридорот 8 за економиите и населението во регионот и ѝ се заблагодари на Бугарија за лидерството во изградбата на нови транспортни и енергетски врски. Софија, заедно со Европската комисија, ќе биде домаќин на самит за поврзаност во пролетта 2027 година.

„Бугарија е влезната врата кон Европа“, рече Кос, оценувајќи дека претстојниот самит ќе биде важна етапа во развојот на врските што ѝ се потребни на Европа.

Според неа, Коридорот 8 ќе биде дел од поширока транспортна мрежа од центарот на Европа до срцето на Азија и ќе создаде повеќе можности за европските компании во услови на нарушени трговски маршрути.

„Еден ден овие патишта и железнички линии ќе минуваат низ обединета Европа без внатрешни граници. Тоа е визијата на нашата политика на проширување“, истакна Кос.

Слични Објави