ПЕНДАРОВСКИ: НАДЛЕЖНИТЕ ОРГАНИ ДА ГИ ПРЕКИНАТ ГОДИШНИТЕ ОДМОРИ, АФЕРАТА „РЕКЕТ“ НЕ ОБИЧЕН СЛУЧАЈ
Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски на денешната прес-конференција ги повика обвинителите кои се на годишен одмор да го прекинат бидејќи аферата „Рекет“ не е обичен случај, туку е голема афера која ги тресе темелите на правосудниот систем.
Пендаровски повика на брзо решавање на случајот и побара одговорност за сите спомнати во видео материјалите кои беа објавени во последниот период, ако се докаже нивната вина.
Претседателот истакна дека брзото решавање на случајот и истрагата ќе биде од голема важност, за македонските евроинтеграции.
Пендаровски додаде уште дека работата на СЈО не смее да биде ставена под знак прашалник, заради можната корумпираност на одредени лица од Обвинителството.