ПЕНДАРОВСКИ: КАКО ЧОВЕК СУМ РАЗОЧАРАН ОД КАТИЦА ЈАНЕВА

//

Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски изјави дека како човек е разочаран од шефицата на СЈО во оставка Катица Јанева.

Изјавата на Пендаровски дојде како одговор на новинарско прашање дали е разочаран од Катица Јанева и дали случајот ќе влијае на македонските евроинтеграции.

Во однос на евроинтегративните процеси Пендаровски истакна дека постои мала теоретска можност да не се заврши се до декември, кога треба да се одржи самитот во Лондон.



Пендаровски подвлече дека постојат земји членки кои се против проширувањето и Македонија не смее преку вакви случаи како Рекет да им дадеме повод да размислуваат во насока да го попречат нашиот пат.

Претседателот истакна дека разговарал со негови пријатели во Брисел, кои му кажале дека засега нема промена во расположението кон Македонија во главните градови кои одлучуваат за евроинтеграциите. Пендаровски повтори дека не смееме да им дадеме и најмала шанса да помислат поинаку.

Претходна статија

ПЕНДАРОВСКИ: НАДЛЕЖНИТЕ ОРГАНИ ДА ГИ ПРЕКИНАТ ГОДИШНИТЕ ОДМОРИ, АФЕРАТА „РЕКЕТ“ НЕ ОБИЧЕН СЛУЧАЈ

Следна статија

ПЕНДАРОВСКИ: ЈА ПОДДРЖУВАМ ИДЕЈАТА ЗА ПРОМЕНА НА ИЗБОРНИОТ МОДЕЛ

Најново од Вести