ПЕНДАРОВСКИ: ЈА ПОДДРЖУВАМ ИДЕЈАТА ЗА ПРОМЕНА НА ИЗБОРНИОТ МОДЕЛ
„Не сум иницијатор но ја поддржувам идејата за еден изборен модел“, изјави претседателот Пендаровски.
„Јас сум еден од оние кои со години зборуваат дека е потребна промена на изборниот модел и без да навлегувам во детали бидејќи од оваа позиција не ми е дозволено да бидам аналитичар, мојот став и порано и денес е дека е подобро да имате подиверсификуван парламент значи повеќе политички партии внатре отколку помалку. Јас тврдам дека на долг рок не преку ноќ, Македонија ќе биде подемократска држава ако повеќе политички субјекти влезат внатре што значи дека повеќе граѓани ќе имаат свои репрезенти во Законодавниот дом. Вака со овој изборен модел, порано имавме и полоши од тој аспект изборни модели, имавме мнозински изборни модели во кои најголемите партии добиваа и плус пратеници и гласови кои практично помалите политички субјекти не можеа да ги соберат во една изборна единица да имаат барем еден претставник. Неколку политички партии се обратија до мене, се разбира не бев иницијатор, им дадов поддршка во таа насока“, изјави претседателот Пендаровски на денешната прес-конференција.