Бугарски европратеници реагирале за пресудата на Љупчо Ѓорѓиевски
Бугарските известувачи во сенка за пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија, Станислав Стојанов и Ивајло В’лчев, испратиле писмо до сите европратеници по повод пресудата за Љупчо Ѓорѓиевски, претседател на забранетото здружение Културен клуб „Иван Михајлов“ во Битола, јавува БТА.
Апелацискиот суд во Битола ја отфрли жалбата и ја потврди пресудата од една година условна затворска казна условно, со условен рок од две години. Ѓорѓиевски е осуден за ксенофобија, расизам и ширење расна омраза по електронски пат поради цитати од Иван Михајлов објавени на фејсбук-страницата на здружението. Тој најави жалба до Европскиот суд за човекови права.
Стојанов и В’лчев оценуваат дека случајот предизвикува „сериозни прашања“ за посветеноста на Северна Македонија кон Копенхашките политички критериуми и европските вредности. Според нив, пресудата испраќа „длабоко загрижувачки сигнал за слободата на изразување, културните права и способноста на граѓаните отворено да се идентификуваат како Бугари“.

