|

Бројот на барања за азил во Европската унија минатата година скокна за 18 отсто

Бројот на барања за азил во Европската унија скокна за 18 отсто минатата година и достигна 1,14 милиони, што е највисоко ниво од мигрантската криза 2015/16 година, покажуваат објавените податоци од Агенцијата за азил на Европската унија (EUAA).

Новите податоци веројатно ќе ја поттикнат веќе вжештената дебата за миграцијата и ставовите на екстремната десница, пред серијата локални и национални избори низ целиот континент, како и изборите за Европскиот парламент во јуни, оценува Ројтерс.

Според податоците на EUAA, Сиријците и Авганистанците сè уште се најбројни баратели на азил.



Слични Објави