| | |

Интелектуалецот Симеон Симев е носител на наградата „Будител на годината“, што ја доделуваат бугарската амбасада во РС Македонија и БКИЦ во Скопје

Македонскиот Бугарин и истакнат интелектуалец Симеон Симев e носител на годишната награда „Будител на годината“, што ја доделуваат Амбасадата на Република Бугарија во РС Македонија и Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје. Симев ја доби почесната плакета од страна на амбасадорот на Република Бугарија во РС Македонија, Ангел Ангелов, и директорката на Бугарскиот културно – информативен центар, Антонија Велева.

Симеон Симев

Симеон Симев е роден во 1949 година во градот Штип и е потомок на семејство поврзано сосоздавањето на Бугарската Егзархија и историското ВМРО. Автор е на поезија , научни трудови во сферата на уметноста, а бил и долгогодишен новинар и уредник во Македонската радио- телевизија. Неговите стихозбирки ,,Дамга “, ,,Шарената сенка”, ,,Месечината огрева, сонцето изгрева” и др. се дел од неговиот богат поетски опус. Негова поезија е издавана во Бугарија и Германија.

Десетици гости синоќа го прославија Денот на народните будители, во просториите на Бугарскиот културно- информативен центар во Скопје. Учесници во празничната програма беа децата од неделното училиште ,,Здравеј ” и машкиот хор за стара црковна музика на Националната гимназија за стари јазици и култури во Софија, јавува БТА.

Хорот на НГДЕК во Софија


,, Прославата на овој празник ја поддржува нашата национална самодоверба и не враќа кон нашите исконски бугарски вредности, кон нашата меморија и историја. На овој ден наведнуваме глава пред творците и чуварите на бугарската духовна и културна традиција, која ја разбудиле и ја зачувале нашата бугарска самосвест низ вековите”, изјави во својот говор директорката на БКИЦ Скопје, Антонија Велева.

Директорката на БКИЦ во Скопје Антонија Велева и амбасадорот на Бугарија во Скопје Ангел Ангелов

,, Бугарија е држава на духот и не случајно одбележуваме неколку празници кои се поврзани со духот, а тоа се 24-ти Мај денот на народните будители и денот на Св.Климент Охридски. Духот не е материјален, но дава морална сила. А таа сила доаѓа од знаењето и творештво “, изјави амбасадорот на Република Бугарија во РС Македонија, Ангел Ангелов.
Ангелов прочита и дел од напишаното уште пред 600 години Слово на Григориј Цамблак посветено на еден од најголемите бугарски будители патриарх Евтимиј Трновски.

Слични Објави