Проекција на филмот „Светецот Светкавица“ во Кремиковскиот манастир
Во Кремиковскиот манастир „Св. Георги Победоносец“ во близина на бугарскиот главен град Софија, ќе се одржи проекција на документарниот филм „Светецот Светкавица“, посветен на животот и чудата на Свети Ефрем Нови.
Автор на филмот е бугарскиот новинар Ангел Бончев. Настанот ќе се одржи на 29 август со почеток во 20 часот локално време.
По проекцијата, публиката ќе има можност да присуствува и на беседа со авторот на филмот.
Светиот великомаченик Ефрем Нови (1384 – 1426) е православен светец, познат како „чудотворецот од Неа Макри“ во Грција. Роден е во Трикала, а по смртта на татко му заминал во манастирот „Благовештение“ во планината Атон. Таму живеел монашки живот, во пост, молитва и смирение.
Во 1426 година, за време на османлиското ропство, бил заробен и мачен поради својата вера. По долготрајни и тешки маки, бил убиен на 5 мај – ден кој денес се празнува како негов спомен.
Моштите на светецот биле пронајдени во 1950 година во манастирот во Неа Макри, каде што и денес почиваат. Од тогаш до денес, илјадници верници сведочат за неговите чуда – исцелувања и помош во тешки моменти.

