Д. Гуре: Путин веќе не може да ја контролира ситуацијата во Сирија, Русија тоне во блатото
Даниел Гуре, поранешен висок претставник на Пентагон, директор на Институтот Лексингтон, ги коментираше неодамнешните настани во Сирија за Радио Слободна Европа.
– Г-дин Гуре, дали се изненадивте одлуката на американската држава да ги нападне силите на Асад и, како што се покажа, руските војници во Сирија?
– Слично на ударот против воената база минатата година, и овој удар докажува дека ниту Русија, ниту нејзините сојузници сега немаат слобода на дејствување во Сирија. Мислам дека администрацијата на Трамп ја донесе големата одлука да се спротивстави на рускиот експанзионизам. Воздушниот напад врз воените колони на армијата на Асад и руски платеници, се сведоштво дека САД веќе ја повлекле последната црвена линија, која нема да биде премината ниту од Дамаск, ниту од Москва.
Објективно, Кремљ нема сериозен стратешки интерес од поддршката за режимот на Башар Асад. Интересот на Москва е во Европа. Тешко е да се замисли дека Путин ќе се одлучи за директен конфликт со САД во Сирија. За што? Да, за Иран, влијанието во Сирија е исклучително важно, но за Кремљ ова не е примарна цел.
Во новата американска стратегија за национална безбедност се зборува дека Кина и во помала мера, Русија, се обидуваат да им се спротивстават на САД во различни области: пред се информационата војна, зајакнувањето на нуклеарните арсенали и ширењето на нивното влијание во други земји.
Во последниве години, влеговме во оваа позиција, им отстапивме територија на нашите ривали. Сега се враќаме.
– Што би значело за Кремљ ако САД навистина се подготвени да ги поддржат своите сојузници во Сирија, демократската опозиција на Асад? Дали прогнозата на Барак Обама дека Путин ќе потоне во сириското блато ќе се оствари?
“Јас не мислам дека Русија е во блатото. Досега се чини дека се се вклопува со политиката на Путин. Но, во иднина тоа ќе се случи. Поентата е во тоа што Путин повеќе не може да ја контролира ситуацијата. Многу зависи од тоа кој пат ќе го одбере.
Путин ја изгуби контролата врз ситуацијата и прашањето сега е дали ќе се задоволи со незначајна улога, дали ќе се согласи да биде скромен играч или ќе се обиде повторно да го зголеми руското присуство во Сирија и ќе фрли ли таму повеќе сили и средства за да се обиде да си ја врати контролата и престижот.
Ајде да се обидеме да замислиме дека Израел како одговор на акција на Иранците или Сиријците, одлучи да нанесе удар врз сириските системи за противвоздушна одбрана и да ги уништи.
Како ќе одговори Путин? Дали ќе одлучи да распореди руски проектили во Сирија заедно со руски војници за да го заштити Дамаск?
Ако се потсетиме на нападот врз базата Еш Шајрат каде се наоѓаа руски војници, тие можеа да станат жртви на ракетен напад и тоа ќе го ставеше Кремљ пред гигантска дилема.
Тогаш Соединетите Држави ја предупредија Москва за ударот, не настрадаа руски војници, но во секој случај ситуацијата во Сирија е многу опасна. Ако Кремљ одлучи да го прошири своето присуство таму, навистина ќе почне да тоне во блатото на Сирија.
