ЈАКОВ СТОБИСКИ ЌЕ БИДЕ ПРВИОТ МАКЕДОНСКИ ВЛАДИКА КОЈ ЌЕ ПАТУВА ПО БЛАГОДЕТНИОТ ОГАН ВО ЕРУСАЛИМ
Епископот Јаков Стобиски е владиката кој заедно со бугарската црковна делегација утре ќе оди во Ерусалим на церемонијата на појавувањето на Благодатниот оган. Ова е прв случај еден епископ на Македонската православна црква-Охридска архиепископија да присуствува на настанот. Епископот Јаков ќе биде дел од црковната делегија на бугарскиот митрополит Кипријан кој ќе го презеде Благодатниот оган, а потоа ќе и го предаде на МПЦ-ОА.
Решението македонскиот епископ да биде дел од бугарската делегација е донесено по барање на МПЦ-ОА на почетокот на месецов по средба помеѓу митрополитот Кипријан и бугарскиот премиерот Бојко Борисов.
Минатата година, прв пат преку Бугарската црква благодатниот оган, официјално дојде во Македонија, но тогаш владика од МПЦ го презеде од аеродромот во Софија.
Инаку во минатото Благодатниот оган во Македонија го носеа монаси од Бигорски преку Грчката црква.