ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИА: СЦЕНАРИСТИТЕ ЗА „27 АПРИЛ“ НЕ СЕ ВО ДРЖАВАТА
Настанот на 27 април ја одбележа 2017 година, вели кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, оценувајќи го како немил настан што лично му предизвикува негативни чувства. Жали за тој настан во кој, додаде, биле нападнати неговите колеги, новинарите, луѓето кои биле таму, кои биле нападнати на работното место.
-Потенцијални жртви, го делиме истото чувство дека во тој момент системот не функционираше. Свесно креирана состојба од страна на поединци, актерите веќе се познати, режисерите се изведени пред лицето на правдата, но, за жал, сценаристите не се повеќе тука во државата, вели Димитриевски.
Постапката е во тек и тој потенцира не сака да ја коментира, најавувајќи дека на едно од наредните рочишта треба да даде исказ.
-Сметам дека одговорноста на тие кои го осмислија и менаџираа самиот настан е многу поголема отколку одговорноста на оние кои беа внатре и се обида физички да нè повредат и дефинитивно успеаја во тоа, се присетува кумановскиот градоначалник, кој тогаш беше пратеник во Собранието.
Од политички аспект, вели тој, времето ќе покаже кој всушност бил во право, но истакнува дека и тогаш и денес е убеден дека гласал за вистинска одлука. (Повеќе)
