КОЧАНСКИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА ОРИЗ ПРОТЕСТИРААТ: ДО СЕГА НЕМАМЕ ДОБИЕНО НИТУ ДЕНАР ОД ДРЖАВАТА
Производителите на ориз од кочанскиот регион претпладнево излегоа на двочасовен протест и со земјоделска механизација во селото Облешево ја блокираа едната коловозна лента од магистралниот пат Кочани – Штип, јавува Лидер.
На тој начин, како што рекоа, го изразуваат незадоволството што ресорното Министерство се уште не им ги исплатило парите од интервентната мерка за предадена оризова арпа.
Производителите на ориз нагласија дека денешниот протест е предупредувачки и ако не ги добијат парите, ќе следуваат поризгорозни мерки за искажување на незадоволството.
