ГДУ: КОЈ ЌЕ ГИ РЕШИ ПРОБЛЕМИТЕ НА КУЧЕВИЧКА БАРА „ЛЕВИОТ БУБРЕГ“ НА ОПШТИНА БУТЕЛ?!

Вести Истакнато Македонија

Овие слики се од општина Бутел, поточно од населеното место Кучевичка Бара, кадешто граѓаните се соочуваат со безброј проблеми, на пример одводната и канализациона мрежа. Исто така во овие зимски услови се појавува и проблемот со нерасчистениот снег по улиците кадешто граѓаните не можат слободно и непречено да се движат.

Но сепак најголемиот проблем на граѓаните е тоа што не знаат каде да се обратат за помош при било какви проблеми кои ќе им се појават. Дали треба на таткото на градот Скопје, Петре Шилегов,, на Јован Пејковски и општина Чучер- Сандево или на градоначалникот Велимир Смилевски и општина Бутел?

Населбата територијално припаѓа на општина Бутел, но административно се води во општина Чучер-Сандево. Иако веќе одговорот можеби е повеќе од јасен, општините за проблемите на оваа населба цело време си ја „префрлаат топката“.

ГДУ апелира Шилегов, Пејковски и Смилевски конечно да седнат заедно на маса и да се договорат кој ќе управува со населбата Кучевишка Бара „левиот бубрег“ во општина Бутел!