| |

ГРЦИЈА ЈА ПРОДОЛЖИ ОДЛУКАТА ЗА ЗАБРАНА ЗА ВЛЕЗ НА ДРЖАВЈАНИ НА ТРЕТИ ЗЕМЈИ ДО 8 ФЕВРУАРИ

Од денеска стапува во сила новата, продолжена одлука на грчката Влада за забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, како и ограничувањата на копнените граници и поврзувањата со Македонија и Албанија одлука што ќе биде во сила до 8 февруари во 6 часот наутро, јави дописничката на МИА од Атина, пренесува Прес24.

Станува збор за одлуката за да се ограничи ширењето на коровирусот со „воведување мерки за привремено ограничување на копнените, воздушните и морските поврзувања на земјата, забрана за влез во земјата на државјани на трети земји, освен од државите на Европската унија и Шенген зоната“, која се продолжува од средината на март минатата година, а последното продолжување беше од 8 јануари заклучно со вчера.

Првиот член од одлуката се однесува на копнените граници на Грција, односно на привременото ограничување на сите копнени (патните и железничките) поврзувања од и кон Грција „од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на коронавирусот Ковид-19 на грчка територија, како и забрана за влез на лица на грчка територија, освен ако исполнуваат конкретни предуслови“.

Целиот напис прочитајте го овде.

Слични Објави