ВОНРЕДНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА: ОД НОЌЕСКА ПОЕВТИНУВААТ ГОРИВАТА
Вонредна седница на Регултароната комисија за енергетика, во која бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 2 денари.
Одлуката била донесена поради тоа што престанува да важи Уредбата со законска сила за примена на законот за акцизите за време на вонредна состојба.
Според новиот ценовник, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 2,00 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 18.01.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 52,50 ден/лит.