| |

Референдум 2026: Командант и војвода, патриот и националист

Арсим Зеколи

Никој нема повеќе да ужива (и подмолно да ги помогне) протестите на ветераните на ОВК под слоганот „Слободата има име“ одошто ВМРО-СДСМ и Мицкоски-Заев. Прелиминарните епизоди во Приштина и Тирана сведочеа за сега евидентните последици на полирањето на Командата на ОВК од про-ОВК сведоците во Хашкиот Трибунал.

Отсуството на контрастот „ОВК-vs-Србија“ редуциран на „ОВК-vs-ОВК“ известувања ги демонстрира и изгубената моќ на командантскиот наратив и енергијата на внатре-албанските табуа, чија експлозија не е само одложена, туку и отстранета.

За разлика од Тирана и Приштина, каде дефицитот на „ОВК-vs-Србија“ ја диктираше страната на учесниците и поддржувачите, намерата на ДУИ/ОВВ (ОВВ – Организација на воените ветерани) е да ја капитализираат ревитализацијата на контрастот „ОВК-Vs-Србија“; тоа според Ахмети би го ревитализирало и ДУИ и патриотскиот наратив (токму на командантите) на Албанците.

Затоа овој интензитет на ДУИ/ОВВ стапици во позадина е поддржан и стимулиран од ВМРО-СДСМ, кој ќе го користи овој „протест“ за ревитализација на политиката насочена на задржување на интензитетот на анти-албанскиот суверенизам користејќи ја одложената репатриотизација на ДУИ.

Наивно е да се мисли дека ДУИ и Али Ахмети не се свесни дека партиската корист на етничките Албанци ќе биде опиплива, но сепак минимална за Албанците во споредба со партиската корист која за Македонците и Србите ќе биде и опиплива и максимална.

Затоа. на самиот почеток. обидите на Ахмети и ДУИ за емоционална експлоатација на најавениот протест мора да бидат соочени со алтернативите кои се попредизвикувачки за искреноста на ДУИ и двојно попредизвикувачки за ВМРО-СДСМ.

Со други зборови, ако протестот „Слободата има име“ е замислен како затскриен референдум што ќе наметне внатре-албанска диференцијација и „шверц“ на уште една рунда манипулации под црвено-црното знаме и ОВК, го поканувам и му препорачувам на ДУИ да преземе друга иницијатива што ќе ги предизвика „ривалските партнери“ ВМРО-СДСМ.

Конкретно, ги предизвикувам ДУИ и Пратеничката група на ДУИ да покренат иницијатива за референдум во врска со Договорот со Грција и Договорот со Бугарија во Собранието на Северна Македонија. Врз основа токму на декларациите и ветувањата, клетвите и заклетвите на ВМРО (заедно со Силјановска и лукавиот Заев) во предизборниот период дека штом ќе дојдат на власт, ќе преземат иницијатива за укинување или поништување на „анти-македонските договори со Бугарија и Грција“.

Погледано наназад, лагите на победата на ВМРО-Силјановска во 2024 не се фокусираат на германско-францускиот Предлог, отоманската дипломатија или „непрофитните ЕУ акти“. Лагите и основата на победите на ВМРО-Силјановска 2024 потекнуваат од резултатот на Референдумот 2018, конкретно на бојкотот на гласачите Македонци, што ВМРО ќе го интерпретира и употреби како аргумент во корист на перцепцијата дека бојкотот значи масовна поддршка за ВМРО.

Последично, ако протестот на ДУИ-ОВВ ја ревитализира и одржува оваа перцепција на дефанзива на ВМРО кон Албанците, барањето и иницијативата за Референдум 2026 е огромен чекор кој ги става на тест резултатите од 2018 и перцепцијата изградена од ВМРО на основа на тогашниот бојкот.

Евентуалната иницијатива на ДУИ за Референдум 2026 директно го предизвикува ВМРО (заедно со Силјановска, Заев) да се заземат за нивните позиции и предлози и конечно да демонстрираат дали стојат на перцепцијата конструирана и наследена по 2018 за „волјата на македонскиот народ“. Попатно, ова исто му овозможува на ДУИ да го предизвика наративот на ВМРО-СДСМ за „мешање на Албанците во македонските етнички прашања“ – овозможувајќи им на Македонците самите конкретно да ја посведочат својата волја на начин на кој ВМРО-СДСМ одбива тоа да го стори и покрај даденото ветување.

Во исто време, овој чекор на ДУИ ќе помогне да се редефинира и појасни македонското диференцирање на патриотизмот и национализмот, предизвикувајќи го наметнатиот наратив дека албанските барања се „етнички“ додека македонските се „државни“ – и покрај фактот што предизвикот во интегративниот процес не е поради блокирање од албанското етничко прашања, туку затоа што македонското етничко прашање е наметнато како наводно „државно прашање“.

Оттука, наместо 24-часовна протестна „еуфорија“, наместо шпекулации „избори на пролет, на есен“, ако ДУИ е сериозна во намерите да ја предизвика Владата и системот, еве ја можноста со елегантен, политички, легален, уставен потег да зададе удар, да го стресе и предизвика целиот македонски естаблишмент, заедно со партнерите од ВЛЕН, како и меѓународната заедница.

Но, се плашам дека ДУИ никогаш, ама никогаш тоа нема да го стори ниту ќе има храброст да преземе вака конкретен, политички легитимен и стратешки ефективен чекор. Туку ќе преферира митинзи и повеќе вербални ветрови и сублиминални флертови.



Слични Објави