| |

170 години бугарските читалишта ја чуват културата и идентитетот

Во Бугарија денес постојат над 3500 читалишта, кои се центри на општествениот и културниот живот во градовите и селата. Покрај библиотеки, тие организираат музички, танцови, јазични и театарски школи, свечености и обнови на традиционални обичаи. Од нивната сцена започнале кариерите на многу познати уметници, а главни носители на традицијата остануваат самодејците – чувари на фолклорот и народното творештво, пишува БНР.

Самодејците собираат стари песни, приказни и обредни текстови и ги оживуваат на сцена, привлекувајќи публика од научници и љубители на фолклорот. Во 2017 година УНЕСКО го впиша бугарското читалиште во регистарот на добри практики за нематеријално културно наследство, оценувајќи дека нема аналог во светот.

Според д-р Силвена Бајракова од Националниот читалиштен институт, читалиштата се потценети и често не се разбира нивната образовна, информативна, социјална и културна функција. Таа нагласува дека нивната вредност е во граѓанскиот и демократски карактер – тие настануваат по иницијатива на заедниците и се прилагодуваат на времето без да исчезнат.

Самодејноста создава заедница без хиерархија и без финансиски мотив, а вклучувањето на младите создава иднина публика за културата. Поранешните учесници често стануваат активни граѓани и раководители на културни активности.

Нели Михајлова од читалището „Хр. Смирненски“ во Златица истакнува дека самодејците го чуваат бугарскиот дух и традиции и се современи народни будители, кои доброволно работат за општото добро.



Слични Објави