Канческа Милевска: Немало никакви преговарања, интересите на државата секогаш ми биле на прво место
Поранешната министерка за култура и поранешна пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Елизабета Канческа Милевска тврди дека немала никаков притисок, ниту од нејзината партија, ниту од страна на СДСМ да гласа за уставните измени во Собранието за промена на името и дека гласала по свое убедување.
-Немало никакви преговарања. Јас имам судски предмет кој сè уште тече, воопшто не сум се договарала за самиот предмет. Одам на суд на секоја покана од судот. Лично не сум преговарала, ниту пак ми доаѓа на памет, ниту пак сум помислила да преговарам за нешто што воопшто не е прифатливо за мене. Интересите на државата секогаш ми биле на прво место, така сум функционирала и така ќе продолжам, истакна Канческа Милевска вечерва во емисијата „Жешко политичко лето“ на Канал 5 Телевизија, пренесува zoom.mk.
За денешните изречени казни за обвинетите во случајот „Организатори на 27 април“, напомена дека не би сакала да коментира судска пресуда и изрази жалење што во овој процес се вклучени колеги, личности со кои соработувала во Владата, на министерско ниво. Според неа, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески имаат позитивен карактер, позитивна намера и мисла, постапки и кои посветено си ја вршеле својата функција. Додаде дека со Трајко Вељаноски имале професионална комуникација.
Целиот напис прочитајте го овде.

