| |

Во Лисабон бугарската потпретседателка Илијана Јотова отвора форум на бугарски неделни училишта во странство

Под покровителство на потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова, од денеска до 16 март во португалската престолнина Лисабон ќе се одржува форум „Иновативни методи и материјали за настава по бугарска историја и географија на Бугарија во бугарските училишта во странство“. Ова го соопшти прес-службата на претседателската институција, јавува БТА.

Денеска во Универзитетот во Лисабон потпретседателката ќе го отвори форумот на кој ќе се соберат учесници од 15 земји. Настанот е во организација на Министерството за образование и наука, Португалско-бугарското здружение „Св. Кирил и Методиј“ и истоименото бугарско неделно училиште во Лисабон, во партнерство со Асоцијацијата на бугарски училишта во странство, Универзитетот во Пловдив „Паисиј Хилендарски“ и Универзитетот во Лисабон. На форумот ќе се разговара за тоа како наставниците и учениците во странство ја градат сликата за Бугарија преку часовите по бугарски јазик, историја и географија.

За време на посетата на Лисабон, Илијана Јотова ќе има средби со ректорот на Универзитетот во Лисабон, Луис Фереира и со Ерменегилдо Фернандез, декан на Филолошкиот факултет. Универзитетот има предавања по бугарски јазик и литература. Потпретседателката ќе го посети бугарското неделно училиште „Св. Кирил и Методиј“, каде се школуваат 73 ученици.

Настанот ќе биде посветен на проблемите со изучувањето на бугарската историја и географијата на Бугарија во бугарските неделни училишта низ светот, информираат за БТА од Асоцијацијата на бугарски училишта во странство.



Слични Објави