| |

Бугарските пратеници со едноминутно молчење му оддадоа почит на патријархот Неофит

Пратениците со едноминутно молчење му оддадоа почит на Неговата Светост бугарскиот патријарх и митрополит Софиски Неофит, јавува БГНЕС.

Вчера вечерта на 78-годишна возраст почина Неговата Светост бугарскиот патријарх и митрополит Софиски Неофит.

Бугарскиот патријарх беше примен во болница на крајот на ноември минатата година поради белодробна болест. Од Рождеството Христово досега беа упатени десетици молитви за неговото здравје, а во последните недели многу патријаршии повикаа на молитва за Неофит.

Во својот последен јавен настап кон крајот на октомври, Неговата Светост ги пречека моштите на свети Ефтимиј – патријарх Трновски.

Слични Објави