ДИМИТРОВ: ЕК ЗАЗЕДЕ ПРИНЦИПИЕЛНА ПОЗИЦИЈА ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК
„Околу рамката важно е што ЕК зазеде принципиелна позиција. Од анализите што ги направивме во МНР, македонски јазик во документ на ЕК последен пат е спомнат во 2005 година врз основа на нашата апликација и одоговорот на прашалникот. Имаме цели 15 години и затоа е важно што ЕК врз основа на завршувањето на процесот во ОН и финализирањето на личната карта на земјата излезе непосредно потоа и по стапувањето во сила на Преспанскиот договор со меѓуинституционално упатство во смисла на името и терминологиите каде македонскиот јазик е македонски јазик и многу е важно што во дијалот сега меѓу земјите членки почетната позиција е принципиелна“ , вели министерот за надворешни работи Никола Димитров, во одговор на новинарско прашање по презентацијата на проектот Преспа форум.
„Ние ќе настојуваме со соседна Бугарија да ги водиме работите така да бидеме успешни и во смисла на европските интеграции, и во смисла на прашање што не може да биде отворено во Европа во 2020 година. Македонскиот јазик е наша работа, тој е израз на нашето право на самооппределувањето и не можеме да зборуваме за европски интеграции ако ова е предизвик, како што не можеме да збориваме и за вистинско пријателство кое претставува меѓусебна почит“, додава Димитров .
