| |

ПРОФЕСОРОТ И ПАЗАРОТ

Моменталната ситуација со коронавирусот, исто како и повеќето наши сограѓани, ме загрижува. Можеби доста себично и материјалисички од моја страна, но од моето лично здравје повеќе ме загрижуваат политичките и економските последици од пандемијата. Мојата лична ситуација ми дозволува таков луксуз, па сосема можам да сфатам ако некој смета дека не сум во право и е навистина загржижен за своето здравје и здравјето на своите најблиски. Тоа не значи дека не постои и сериозна економска и социјална закана која што е извесно да трае многу подолго и да остави поголеми последици од самите здравствени тегоби поврзани со вирусот.          

Една од тие закани се големите напади на „црвените банди“, кои ја искористија приликава да испуштат цел арсенал на бљувотини и да лансираат напади кон капитализмот. Еден од овие кои предничат во тоа е, самопрогласениот лидер на „левото крило на организацијата“, македонскиот Че Гевара – Димче Апасиев. Лидерот на Левица се јави со интересн статус пред некој ден кој што заслужува една поубава и детална анализа. Димитар Апасиев вели:

Најјаки ми се уберкапиталистиве. До вчера б’здеа на секој државен интервенционизам во економијата, ширејќи одвратен АНТИСТЕЈТИЗАМ, а сега први кукаат државата да ги спасувала фабрикантите, корпорациите и крупните капиталисти!?
Чекај, чекај… Па нели „слободниот пазар“, со неговата невидлива рака, ќе ви ги реши сите проблеми бе, сезнајковци?
А кога сме веќе кај вашиот ступиден концепт за СЛОБОДЕН ПАЗАР, да ви кажеме ние левичарите, вака отворено – дека пазарот не е измислица на група експерти, ниту е последна опција на колективниот разум. Пазарот е ОРГИЈА на неразумност, произволност, расипништво и егоизам!
#ДолуНеолиберализмот
#ДаЖивееПолитичкатаЕкономија

Во право е дека ние уберкапиталисте сме против државен интервенционизам. Ние сметаме, а и голем дел од бројките одат во прилог на тоа, дека државата кога се меша во најголем дел има само конктраефект и прави повеќе штета отколку корист. Во 98% од ситуациите сметаме дека тоа е случајот и дека таа треба да си се држи до останатите 2% за да ја максимизира својата ефективност во тоа каде што има потреба од нејзе. Тие 2% од ситуации вклучуваат и пандемии како оваа кои се појавуваат еднаш во 100 години. Тоа што еднаш во 100 години се појавува ситуација каде што таа иста држава може подобро да го изменаџира не значи дека државата треба да си земе за право и да се меша во се и сешто. Спроведувањето на крантинот и мерките за сузбивање на вирусот би требало да си бидат нејзина и работа и секоја чест ако државата го одработи тоа како што треба. За помошта на фабрикантите и корпорациите, ние сите баш и не ја бараме. Но ако веќе мора државата да не натера да се придржуваме до карантини во име на општото добро, тогаш ред е таа бидејќи има намален опсег на работа и да ни врати дел од парите кои НИЕ И ГИ УПЛАТИВМЕ НА НЕЈЗЕ. Бидејќи ако нема некој да плаќа даноци, нема ни државата од каде да дели било што.

Барем ние уберкапиталистите имаме доблест да погледнеме кон фактите и да признаеме кога нешто си е право. Дали вие комунистите имате таква доблест и да признаете дека политичката економија во пракса се покажа како целосна утка? Вашите истомисленици за да ги прикријат неуспесите на планската економија пратија милиони луѓе во логори и кон нивната смрт. Тоа е Димче разликата помеѓу нас и вас.

Во вториот дел Димче го напаѓа „ступтидниот концепт на слободен пазар“. Тој вели дека пазарот е оргија на неразумност, произволност, расипништво и егоизам. Јас можам да потврдам дека пазарот е оргија и тоа му е многу точно тврдење. Оргија затоа што сите учествуваме и тоа доброволно, за разлика од планската економија која што господинот од Титов Велес ја пропагира. Во неговата планска економија сите прават и играат како една мала група на државни економисти ќе кажат. Ако оргијата добро го опишува слободниот пазар, тогаш планската економија не е ништо друго освен масовно силување како што се правеше во војните во бивша Југославија или Африка. Оргија на неразумност и егоизам, навистина? Која е неразумноста на пазарот? Егоизам е дефинитивно, но неразумно е тоа  што јас одлучувам што и под кои услови ќе нудам за продажба и што ќе купувам? Поразумни се сигурно од мене група на 50 планери кои ќе ми кажат дека годинава морам да купам еден пар чевли по таа и таа цена. Тоа пак води до тврдењето дека покрај оргија на неразумност, слободниот пазар е и оргија на расипништво, што повторно и не е така лошо ако ја гледаме алетернативата. Искрено, мене ми е многу подбраго да трошам затоа што ми се може и да имам вишок на избор на млеко на пример, отколку да има недостаток на истото и да чекам од 5 сабајле да набавам малку. На крај доаѓаме и до најглупавите од сите тврдења, а тоа е дека пазарот е оргија од произволност.

Ако слободниот пазар е произволен, што е тогаш политичката еконимија каде што неколку батиња од ракав одлулуваат колку пара чевли ќе треба да се направат оваа година?  Во системот за којшто тој се залага одлучуваат неколку луѓе во името на сите. „значи, оттука прашувам: кој пазар е измислица на неколку луѓе и кој е оргија на произволност? На крајот од краиштата останува само да погледнеме назад и да ги видиме бисерите на политичката економија и да видиме што е тоа што функционира. Другарот Апасиев не мора да оди многу далеку за да ги види, топилницата е само на километар од центарот на Велес. На пазарот ли му текна да изгради топилница во сред град далеку од сите рудници чија руда ја топи и да труе цели поколенија?

Примери за тоа како политичката економија не ја бива имаме мал милион, но да го прашам него како некој што претендира да влезе во парламент, како планира тој да ја воведе? Ќе им ги одзема бизнисите на луѓето? Ако да, по кој криетериум или пак на сите ќе ни брани да си се бавиме дури и со микробизниси? Кога еден човек ќе биде квалификуван за конфискација? После првата кафана, кога еден погон ќе прерасне во мала фабрика? Дали тогаш истиот тој човек станува лош капиталист во тој момент,а пред тоа бил добар? Би прашал и зошто некој државен службеник би се грижел повеќе за мене отколку некој газда и лош капиталист? Можеби само затоа што ќе има значка на државен службеник по автоматизам го прави добар. Ах таа магична моќ на државната цицка само добрини те тера да правиш.   

Кога пак се ќе биде контролирано од државата и само таа ќе вработува, дали ќе има место во нејзе и за нас уберкапиталистите за некоја работичка таму? Ние ќе мораме да зависиме од нејзе и од одлуките на некој државен службеник што и дали ќе работитме. Бидејќи веќе имаме слика како во повеќепартиски систем функционира политичка економија кога повеќе од една партија само ветуваат државни позиции знаеме дека тоа не работи. Македонија е совршен пример за тоа. Дали тоа значи дека Димче ќе воведува диктатура и Левица ќе биде единствената партија? Нека образложи Димче убаво што тој планира да прави, па да видиме каква е таа негова „солидарна и хумана“ опција.

Затоа драги мои јас сум исплашен повеќе од самата болест. Исплашен сум дека неминовната економска криза ќе доведе до порастот на тие ликови како овој wannabe Троцки.  Нивната визија за работнички рај веќе видовме како пред еден век се претвори во кошмар од кој милиони луѓе не можеа да се извлчеат. Нашиов болшевик не е само локален феномен. За жал и во најразвиените земји комунистите како Берни и Димче ги испилија своите грди глави. Помина долго време и многу луѓе заборавија на теророт што владееше зад железната завеса, а катастрофи како оваа само повеќе го фрлаат народот кон радикалните опции.

Автор: Стјепан Покупец/Слободар



Слични Објави