(Видео) Перев: Радио Благоевград беше посакуваниот простор, со кој ние се запознававме, а Бугарија нѐ запознаваше нас
Дописничката на БТА во Скопje Маринела Величкова и публицистот Владимир Перев зборуваа за „отворањето“ преку радио меѓу Бугарија и Република (Северна) Македонија веднаш откако Бугарија ја призна младата држава што се одвои од СФРЈ под нејзиното тогашно уставно име – Република Македонија. Двајцата новинари се вклучија со видео врска од прес-клубот на БТА во Скопје за време на претставувањето на новиот број на списанието ЛИК, посветен на 90-годишнината од БНР.
Неколку дена откако во Собранието на Бугарија беше објавено дека Бугарија прва ја признава Република Македонија, беше воспоставен и првиот радио мост помеѓу Радио Благоевград и Радио Скопје.
„Не беше тешко, имавме соговорници кои мирно разговараа и споделуваа“, се присетува Величкова на годините кога БНР емитуваше на средни бранови, а во Скопје се слушаа преноси на Радио Благоевград.
„Тоа беше време кога Радио Благоевград беше радиото од соништата за контакт со блиската, но и најдалечната соседна земја за нас. Така се обновија семејните врски, се создадоа пријателства. Тоа беше време на контакти, на надежи и време на илузии. Некои од тие илузии беа изгубени, но остана фактот дека радиото не зближи. Имаше емисии во кои редовно учествувавме. Тоа ја одразуваше не толку политичката ситуација во двете земји, која беше нејасна, колку што е нејасна денес, туку зборуваше за единството на народот од двете страни на Осоговската Планина – исти размислувања, исти дилеми и амбиции. Тогаш Радио Благоевград беше патот до посакуваниот простор, кој ние се запознававме, а Бугарија не запознаваше нас“, рече Владимир Перев, кој тогаш бил новинар во МРТ.
